ЕБОР прогнозира пад на македонскиот БДП од 5 проценти годинава, раст од 3 проценти догодина

пред 2 години

Според нашите проекции, годинава ќе има пад на БДП од пет проценти и раст од три проценти следната година, што е слично со останатите земји од Западен Балкан, како и оние со индустриска база во Централна и Источна Еврoпа. Откако имаше раст од близу нула проценти (0,2%) во првиот квартал, БДП се намали речиси за 13% (-12,7%) во вториот квартал, што значеше дека има големи нарушувања во економијата, преку значително намалување на приватната потрошувачка, инвестиции, договорите за извоз и увоз, вели Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија во интервју за МИА, што ќе биде објавено дополнително во целост.

Scroll to Top