Елен Деџенерес ќе го заврши своето шоу по 19 години емитување

пред 1 година

По 19 години поминати во етерот, Елен Деџенерес ќе го заврши своето ток-шоу.

„Колку и да беше добро и забавно, веќе не ми е предизвик“, вели 63-годишната водителка која си заминува следната година од етерот.

Оваа одлука следува само неколку месеци откако шоуто се соочи со низа  обвинувања дека е лошо и токсично место за работа. Тројца продуценти по ова добија отказ, а Елен во новата сезона почна со јавно извинување.

Минатиот месец беше емитувана 3.000. епизода на шоуто кое стана познато како микс од комедија, интервјуа и човечки приказни. Шоуто  на Деџенерес почна да се прикажува  во септември 2003 . Долго време беше едно од најпопуларните на американските телевизии, но изминатите сезони рејтингот се повеќе опаѓаше.

Scroll to Top