Меган Маркл ја обвини палатата за лаги во интревјуто кај Опра

пред 1 година

Војвотката од Сасекс изјави дека Бакингемската палата не може да очекува од неа и принцот Хари да молчат ако „продолжува со лаги“ за неа и нејзиниот сопруг.

Сопругата на принцот Хари, Меган, ѝ даде коментар на водителката Опра Винфри во интервју што треба да се емитува на „Си-би-ес“ во недела.

Извадок од интервјуто беше објавен во средата, неколку часа откако Бакингемската палата соопшти дека е многу загрижена за извештаите во весникот „Тајмс“ дека асистенти кои работеле за Меган пред две години биле малтретирани од неа.

Хари и Меган веднаш издадоа соопштение во кое негираат дека таа малтретирала некого.

Бакингемската палата ги испитува тврдењата дека војвотката имала лош однос кон кралскиот персонал.

Во краток клип од интервјуто објавен од „Си-би-ес“, Винфри ја прашува војвотката: „Како се чувствувате кога палатата слуша дека ја зборувате својата вистина денес?“

Меган одговори: „Не знам како можеа да очекуваат дека после сето ова време сепак ќе молчиме, ако постои активна улога што Фирмата ја игра во овековечување на лагите за нас“. Фирмата е име што британското кралско семејство понекогаш го користи за да се опише себеси.

„Дури и ако тоа носи ризик од губење на некои работи (привилегии), мислам, многу е веќе изгубено“, додава Меган.

Интервјуто на Винфри со парот, кое ќе се емитува во САД во недела и во Велика Британија во понеделник, се очекува детално да го опише краткиот период на Хари и Меган како членови на монархијата пред да заминат во САД.

Scroll to Top