Почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм

пред 4 месеци

Утрово на 68-годишна возраст почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм. Тозија починал од пневмонија. Веста за смртта на Тозија, ги затече многумина кои го познаваат, па веќе на социјалните мрежи, актери, новинари, политичари, обични луѓе на кои им бил пријател се простуваат од него.

Тој беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Тозија беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.

Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Scroll to Top