Роберт де Ниро се повреди на снимањето на новиот филм

пред 1 година

Холивудскиот актер Роберт Де Ниро ја повреди ногата за време на снимањето на новиот филм „Убијци на цветната месечина“. Тој веднаш бил пренесен во болница, но за сега не се знае колку е сериозна повредата и кога ќе може да продолжи да снима, пишува „Дејли меил“.

Де Ниро се повредил во Оклахома, но бил однесен во болница во Њујорк“.

„Роберт требаше да патува во Њујорк за две недели, така што нема да има одложување на снимањето“, изјавил за „Дејли меил“ портпаролот на актерот.

Де Ниро моментално го снима Убијци на цветната месечина“ на Мартин Скорсезе. Тој ја има една од двете главни улоги, заедно со Леонардо ди Каприо.

Scroll to Top