Џејмс Бонд доаѓа во Србија

пред 1 година

 

Популарниот холивудски актер Даниел Крег наскоро ќе пристигне во Србија поради потребите за снимањето на вториот дел од филмот „Knives Out“, пишува српски „Телеграф“.

Според српските медиуми, Крег би требало да пристигне во Србија на есен. Снимањето на филмот започнува на 28 јуни во Грција, по што тимот продолжува да работи во Србија, а потоа и во САД и Канада.

Филмската екипа во моментов веќе била пристигната во Белград за да утврдат на кои места ќе се снимаат сцени од овој филм. Да потсетиме, првиот дел од филмот „Knives Out“имаше премиера во 2019 година.

Scroll to Top