Пукање во аеродром

пред 2 години

На 20.09.2020 во 01.28 часот во СВР Скопје, А.С.(46) од Скопје пријавил дека во близина на угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, едно лице во два наврата во воздух испукало проектили од огнено оружје. – Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и биле пронајдени три чаури од огнено оружје, кои се подигнати од екипа од СВР Скопје за понатамошна постапка, информираат од МВР. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top