(Видео) Силна експлозија во џамија во Авганистан, се стравува дека има многу жртви

пред 2 месеци

Силна експлозија се oдекна денеска во џамија во авганистанскиот град Кандахар, пренесува АФП.

Засега не е познат точниот број на жртви, но Би -би -си наведува дека многумина загинале.

Експлозијата се случила за време на петочната молитва.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како бегаат во паника и страв. Портпаролот на талибанското Министерство за внатрешни работи изјави дека досега се потврдени седум жртви.

Иако се уште никој не ја презел одговорноста за нападот, дописник на Би-би-си од Авганистан на „Твитер“ напиша дека се очекува Исламска држава наскоро да објави дека се работи за дело на бомбаш-самоубиец.

Пред точно седум дена, експлозија се случи и во џамија во провинцијата Кадуз во Авганистан. Во тој напад, за кој и натаму никој не презема одговорност загинаа најмалку 100 луѓе.

И двете експлозии се случија во петок кога припадниците на шиитското верско малцинство во голем број доаѓаат на молитва.

Scroll to Top