Лајчак во Косово на средба со Хоти

пред 2 години

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија Мирослав Лајчак денеска ќе престојува во Косово. Toj попладне ќе биде примен од премиерот на Косово, Авдулах Хоти.

Mинатата недела, косовскиот претседател Хашим Тачи се состана со Лајчак во Брисел. Лајчак вчера ги информираше шефовите на дипломатиите на Унијата за развојот на дијалогот и доби целосна поддршка за продолжување на медијацијата во преговорите меѓу двете страни.

Министрите ја истакнаа решеноста на ЕУ да го заврши успешно дијалогот и побараа од Белград и Приштина да преговараат „со добра волја и дух на компромис“.

Scroll to Top