Меркел набрзо ќе се сретне со Тихановскаја

пред 2 години

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека набрзо ќе се сретне со поранешната кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановскаја.

– Наскоро ќе се сретнам со опозициската лидерка Тихановскаја, истакна Меркел.

Таа ја поздрави храброста на жените кои демонстрираат против победата на Александар Лукашенко на претседателските избори во Белорусија.

– Кога ќе ја видите храброста на жените кои на улица бараат слободен живот без корупција, можам само да кажам дека им се восхитувам, посочи Меркел.

Таа додаде дека дека Европска Унија не ја признава победата на Лукашенко на претседателските избори и побара да престане насилството врз демонстрантите.

Scroll to Top