Вучиќ по состанокот со Хоти: Ги усогласивме ставовите за исчезнатите, внатрешно раселените лица и економските прашања

пред 4 години

По состанокот и потпишувањето на економскиот договор во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, претставниците на Приштина и Белград денеска започнаа нова рунда преговори со поддршка од Европската унија. Од Брисел, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денес биле отворени две нови теми поврзани со СЗО и имотните како и финансиските побарувања кои двете земји очекуваат да бидат решени низ процес на дијалог. „Најважните прашања доаѓаат на маса, ќе биде комплицирано, ќе биде тешко, но што е, тука е“, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој соопшти дека во текот на денот остварил две средби со премиерот на Косово,  Авдулах Хоти и министерот Скендер Хисени, оценувајќи ги тие разговори како сложени и тешки. Вучиќ откри дека на состанокот во Брисел бил договорен механизам за утврдување на евиденција на раселените и исчезнатите лица и пристап до сите архиви. „Ги усогласивме нашите ставови во врска со прашањето за исчезнатите лица, внатрешно раселените лица и економските прашања. За нас, најважно е  да има слободен проток на капитал, добра и услуги. Многумина во Србија го потценуваат тоа или не се заинтересирани, а токму тие прашања се од суштинско значење. За нас е важно да имаме заеднички пазар кои ќе донесе напредок на целиот регион. Тоа е она што беше договорено и во Вашингтон“, додаде Вучиќ. Што се однесува до СЗО, разговорите на оваа тема ќе продолжат на 17 септември помеѓу делегациите од двете страни, а потоа на 28 септември предвидено е да земат учество претседателот на Србија и косовскиот премиер. Текстот Вучиќ по состанокот со Хоти: Ги усогласивме ставовите за исчезнатите, внатрешно раселените лица и економските прашања е превземен од А1он .

Scroll to Top