Словенечките ученици со маски на лице ја почнаа новата учебна година

пред 4 години

За учениците од основните и средните училишта во Словенија денеска започна новата учебна година, со одредени прилагодувања препорачани од здравствените власти поради епидемијата на коронавирус. Часовите во основните училишта се организираат според моделот „Б“, еден од четирите различни модели на адаптација во зависност од епидемиолошката состојба во земјата. Според овој модел, училиштата мора да обезбедат соодветно физичко растојание помеѓу различните одделенија, редовно миење на рацете и проветрување на просторот, а учениците го консумираат оброкот во училница во групи. Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) издаде препорака дека сите ученици во заедничките простории треба да носат маски кои родителите треба да им ги обезбедат, а за оние што доаѓаат без нив, училиштата треба да ги обезбеди маски. Се препорачуваат платнени маски што може да се перат, но сепак има многу отворени прашања и дилеми за наставниците и родителите за правилата и препораките за училиштата, а едно од нив е како да реагирате доколку некои родители одбијат нивното дете да носи маска и дали во тој случај ќе му биде забрането да доаѓа на училиште, коментираат словенечките медиуми. Препораките за носење маски ќе се прилагодуваат според најавите секој петок од следната недела, во зависност од развојот на епидемиолошката состојба. Ако на крајот на оваа недела бројот на новозаболени од коронавирус е помал од 140 во последната недела, маски во основните училишта ќе носат само учениците во последните три одделенија. Текстот Словенечките ученици со маски на лице ја почнаа новата учебна година е превземен од А1он .

Scroll to Top