Благ пад на цената на нафтата

пред 3 години

Цените на нафтата, што изминатите денови беше во пораст очекувајќи дека групата ОПЕК плус ќе ја задржи праксата на намалена понуда и поради веста за втора перспективна вакцина против Ковид-19, денеска забележаа пад поради заострување на рестриктивните мерки, што ги наведе инвеститорите на внимателсност.

Северноамериканската нафта Брент и американската ВТИ нафта првично забележаа раст за околу 40 центи за барел, а потоа цената почна да се намалува.

Цената на нафтата Брент се намали за околу три центи или за помалку од 0,1 отсто и барел се тргуваше за 43,79 долари, додека вредноста на ВТИ нафтата се намали за пет центи односно за 0,1 проценти и барел се продавашеза 41,29 долари.

Цената на Брент и на ВТИ во изминатите шест дена се зголеми за повеќе од 10 проценти откако компанијата Фајзер соошти дека нејзината вакцина против Ковид-19 има ефикасност над 90 отсто. Цената дополнително се зголеми откако и Модерна соопшти дека нејзината вакцина има ефикасност од 94,5 проценти.

Групата ОПЕК плус, составена од земјите-членки на Организацијата на земји извознички на нафта,Русија и други производители на „црното злато“ можно е на денешниот состанок да препорача промена на производствените квоти за следната година, а конечната одлука би требало да биде донесена на состанокот на министри, што ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември.

Scroll to Top