Бугарија и натаму со најниска минимална плата во ЕУ

пред 3 години

1,87 евра на час е законската минимална плата во Бугарија минатата година. Меѓу земјите-членки на Европската унија земјата е на последното место, покажуваат податоците на Европскиот синдикален институт за најниски плати во европските земји, пренесува БГНЕС.

Највисока е минималната плата во Франција – 10,15 евра на час.

Во Романија и Унгарија, законската минимална плата е нешто помалку од 3 евра, а во Грција и Португалија скоро 4 евра. Меѓу лидерите во рангирањето, покрај Франција е и Ирска, со нешто повеќе од 10 евра на час, според Европскиот синдикален институт.

Минималната плата во Бугарија е најниска меѓу сите земји-членки на ЕУ. Во шест земји во унијата, минималната плата се одредува со колективен договор. Според податоците, 60 проценти од работниците во ЕУ со минимална плата се жени

Според Институтот, минималната плата во Северна Македонија е 1,63 евра на час.

Scroll to Top