(ВИДЕО) Митрески: Го донесовме Буџетот за 2021 година, не успеаја блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

пред 3 години

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ синоќа го усвои Буџетот за 2021 година. Овој Буџет е континуитет на одговорните, домаќински политики на СДСМ во управувањето со јавните финансии.

Буџетот за 2021 година во себе има три клучни приоритети: здравство, економија и зачувување на работните места, владеење на правото и реформи.

За 2021 година, со Буџетот, предвиден е раст на економијата од 4,1% и намалување на буџетскиот дефицит за 3,6 процентни поени во однос на годинешниот.

Вкупните приходи на Буџетот за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари и истите се за 8,3% повисоки во однос на вториот Ребаланс 2020 година, додека расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1% пониско во однос на вториот Ребаланс 2020 година“, рече Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.

„Капиталните инвестиции се зголемуваат за 26,2 отсто во однос на оваа година.

Со Буџетот за 2021 година стимулираме нови инвестиции, поддршка на веќепосточеки компании, како и помош за отворање на нови работни места со што ја поттикнуваме конкурентноста и влијаеме на намалување на стапката на невработеност.

Во текот на собраниската расправа за буџетот изгласавме и 18 амандмани со кои се обезбедени дополнителни средства за енергетска ефикасност, за формирање еколошки зони, за земјоделска опрема за мали семејни винари, за комунална инфраструктура во повеќе населени места, како и за социјални надоместоци за стечајни.

Не успееја обидите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да го блокираат носењето на овој Буџет, важен за граѓаните, важен за економијата.

Вчера јавноста беше сведок на уште едно подло, неодговорно и нечесно однесување на опозицијата, која ја напушти салата кога Буџетот требаше да се гласа, мислејќи дека нема да имаме кворум и нема да го изгласаме Буџетот.

Замислете, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата беа спремни државата да остане без донесен Буџет, да мора да функционира преку времено финансирање, во година во која треба да ги санираме последиците од економската и здравствена криза.

Толку од одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Во време кога цел свет се обединува во борбата против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ избега од Собраните. Истото тоа ВМРО-ДПМНЕ избега од избори, избега од граѓаните, но од срамот нема да избегаат.

Како одговорна партија продолжуваме да работиме на реализација на мерките и политиките што носат економска стабилност, развој и повеќе пари кај секој граѓанин.

Со Буџетот за 2021 година ефикасно и темелно ги санираме последиците од коронакризата“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.

Scroll to Top