Владата даде зелено светло за Осломеј, ќе се градат две сончеви централи

пред 3 години

Владата на денешната 35-та седница донесе одлука за давање согласност за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на две фотонапонски електроцентрали на местото на некогашната ТЕЦ Осломеј.

Од владината прес-служба информираат дека според физибилити студија за две фотоволтаични електроцентрали со инсталирана моќност од минимум 40 MW секоја, инвестицијата на Електрани на Северна Македонија како свој дел во ЈПП, ќе се врати за една до две години.

На оваа седница Владата, исто така, донесе измени на Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година за субвенционирање на граѓаните на Општина Тетово за набавка и монтажа на инвертер клима уреди со што даде согласност средствата што останале од оваа мерка да бидат искористени за истата намена со што бројот од 1.500 домаќинства што ги заменија печките на фосилни загадувачки горива ќе се зголеми.

Scroll to Top