ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ долгот надмина 60%, прекршени се Мастришките критериуми

пред 4 години

„Македонија со СДСМ и официјално ги прекрши Мастришките критериуми. Јавниот долг е 60.3% и земјата е влезена во категоријата на високо задолжени држави.

СДСМ континуирано го зголемува јавниот долг, откако се на власт истиот порасна за скоро 2 милијарди евра. Додека само во последните 6 месеци истиот е пораснат за милијарда евра.

Власта ја задолжува Македонија, а нема никаков план за развој. Со новиот ребаланс кој е во Собрание се гледа дека се крати од капитални инвестиции и проекти“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овие тешки моменти нема ниту повеќе пари за здравството, ниту пак инвестиции.

СДСМ продолжува со буквална неработа. Исто како што имаа цело лето време за инвестиции во нови болнички капацитети и не го направија тоа, па сега броиме уште колку слободни места имаме во болниците и до кога.

Целиот хаос во кој се наоѓа државата здравствено – економски е директна последица на СДСМ и нивната неработа.

438 ново заболени вчера се уште еден доказ за тоа. Власта ниту има концепт ниту знае како. Македонија тоне со СДСМ. Заев и Филипче потфрлија, а штетите од тоа се огромни и се бројат во човечки животи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top