Граѓаните со блокирани сметки до петок треба да ја подигнат помошта од 6000 денари

пред 3 години

Граѓаните со блокирани сметки кои добиле државна помош од 6000 денари, до петок треба да ги ажурираат податоците во банките и да си ги подигнат парите. За нив банките отвораат посебни, наменски сметки.

„Лицата со блокирани сметки ќе можат да ја подигнат финансиската помош преку која било експозитура од филијалите на банката најдоцна до петок,25.12.2020 година. Во спротивно нема да можат да ги користат. Банката не ги ослободува овие средства од активни или идни блокади по 25.12.2020 година“, стои во известувањата од банките.

Корисниците кои немаат сметки, а добиле парична помош, пак, најдоцна до утре треба да одат во која било филијала на банките и со важечка лична карта да отворат трансакциски сметки, најдоцна до утре, четврток 24.12.2020.

Податоците во банките треба да ги ажурираат и сите останати граѓани кои добиле парична помош за справување со последиците од пандемијата, најдоцна до утре. Од банките предупредуваат дека средствата може да ги искористат само клиентите кои ги ажурирале податоците.

Со четвртиот сет мерки за справување со последиците од коронавирусот помош од 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани за што Владата одвои 27,3 милиони евра кои до крајот на неделава треба да им бидат исплатени на сите корисници.

Scroll to Top