Македонија ги откажува инвестициите во бугарската Белене, ќе вложуваме во гасна електрана во Грција

пред 3 години

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски попладнево обелодени дека државата времено се откажува од инвестиции во бугарската нуклеарна централа Белене и се насочува кон вложување во гасна електрана во Александруполис, Грција.

Во видео обраќање на Македонскиот енергетски форум, Ковачевски истакна дека со инвестицијата во Александруполис се очекува да се подобрат перформансите на компанијата во поглед на стабилно производство на електрична енергија.

– Сакам да истакнам дека времено се откажуваме од планираната инвестиција во нуклеарната централа во Белене, Република Бугарија и се насочуваме кон можноста да инвестираме во гасна електрана во близина на гасниот терминал во Александруполис, Република Грција. Електрана со инсталирана моќност до 800 мегавати во која нашата држава преку АД ЕСМ би имала сопственост од 25 проценти и до 200 мегавати со што значително ќе се подобрат перформансите на компанијата во поглед на стабилно прозводство на електрична енергија, рече Ковачевски.

Властите минатата година најавија дека земјава има интерес да биде дел од проектот Белене, проект што Бугарија неколкупати го најавуваше и откажуваше.

Scroll to Top