Најмалку 10 компании заинтересирани за ТЕЦ Неготино

пред 3 години

Најмалку 10 компании се заинтересирани за ТЕЦ Неготино, но физибилити студијата, која се очекува да биде готова на почетокот на следната година, ќе покаже дали овој енергетски капацитет ќе се продава целосно или ќе се оди по пат на јавно-приватно партнерство.

Премиерот Зоран Заев денеска во Неготино истакна дека овој енергетски капацитет буди сериозен интерес.

– Досега има најмалку 10 компании заинтересирани за ТЕЦ Неготино, затоа што тој има одлична географска местоположба, одлична поврзаност со мрежата и трафостаници кои можат да ја примат енергијата од новото производство на струја, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на фотонапонската централа на „ЕВН Македонија“.

Владата очекува позитивен исход и за Чебрен бидејќи, како што посочи денеска премиерот, документација подигнале над 70 реномирани компании од областа на енергетиката како што се германската RWE, шпанските енергетски компании, грчката PPS и многу други.

Scroll to Top