Првиот лет од Киев слета на скопскиот аеродром

пред 3 години

Првиот лет од Киев слета на скопскиот аеродром – украинската „Виндроуз“ отвора нова редовна авиолинија Киев – Скопје.

„Од почетокот на пандемијата со Ковид-19, која силно го погоди македонскиот авиосообраќај, отворањето на новата дестинација до Киев и влезот на новата украинска авиокомпанија ‘Виндроуз’, се првите позитивни чекори кон закрепнување“, истакнаа од ТАВ Македонија

Воздухопловот од типот Ембраер 145 полета од главниот град на Украина утрово во 9:50 часот, со 50 патници, а слета во македонскиот главен град во 12 часот на пладне, поврзувајќи ги двата главни града за само 2 часа и 10 минути.

„Виндроуз eрлајнс“ ќе лета од Киев до Скопје два пати неделно, во недела и во четврток, со исто време на полетување и слетување  – заминување од Киев во 9:50 часот – пристигнување во Скопје во 12 часот; заминување од Скопје во 12:50 часот – пристигнување во Киев 15:10 часот..

Според најавите на компанијата, летовите од Киев до Скопје ќе функционираат во текот на целата зимска сезона, како и во текот на летната сезона во 2021 којашто почнува кон крајот на март.

Покрај фактот дека ова е прва воздушна линија меѓу Македонија и Украина, Киев е и прва дестинација што директно го поврзува Скопје со Источна Европа, бидејќи мрежата на авиолинии досега беше концентрирана претежно кон Западна и Северна Европа, како и Јужна Европа, Турција и Блискиот Исток.

Scroll to Top