Регулаторна Комисија не носи закони, само ги спроведува соодветните законски решенија

пред 3 години

На реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за покачувањето на цената на нафтените деривати се јави Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од оваа институција преку соопштение како што велат, ја информираат ВМРО-ДПМНЕ дека изврши усогласување на Одлуката од 5.04.2021 година (со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт ) со измените на Законот за акцизите што го донесе Собранието на Република Северна Македонија, во чиј состав се и пратениците од ВМРО ДПМНЕ.

„Реториката на навреди која ја практикува ВМРО -ДПМНЕ кон РКЕ е одраз на недостаток на аргументи, политичка тежина и знаење. РКЕ не носи закони, само ги спроведува соодветните законски решенија, стои во соопштението од Регулаторната комисија.

Scroll to Top