Цената на нафтата падна поради новиот тип на коронавирус

пред 3 години

На берзите денеска е забележан пад на цената на нафтата, откако побарувачката се намали поради ефектот од појавата на новиот вид на коронавирус во Велика Британија.

На Лондонската берза цената на нафтата се намали за 43 центи и барел нафта се тргуваше за 50,48 долари. Додека на американскиот пазар нафтата поевтини за 48 центи и се тргуваше за 47,49 долари за барел.

Аналитичарите предвидуваат дополнително намалување на цената на нафтата, истакнувајќи дека бизнисмените се уште не се склони да ризикуваат.

Цената на нафтата беше во пораст изминатите два месеца, а на 18 декември на Лондонската берза барел нафта се тргуваше за 52,48 долари, што беше највисока вредност од март годинава.

Scroll to Top