Ќурчиевски: И покрај енергетската транзиција никој во РЕК Битола нема да остане без работа

пред 3 години

РЕК Битола нема намера да ја намали динамиката на работа и покрај предвидената енергетска транзиција на комбинатот и замената на јагленот како погонско гориво со обновливи извори на енергија, потврди денеска генералниот директор на комбинатот Златко Ќурчиевски.

-Самата постапка на купување на механизација во овој обем каков што соопштивме денеска и предвиденото купување циклична механизација следната година се доволен показател дека РЕК воопшто нема да ја намали динамиката на својата работа. Покрај тоа, со изградбата на гасната централа, со изградбата на фотонапонските панели исто така ќе биде потребна дополнителна работна рака, рече Ќурчиевски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тие работници коишто ќе останат без работен ангажман со затворањето на првиот блок, додаде, секако дека ќе најдат свој работен ангажман после изградбата на когенеративната гасна централа и фотонапонските панели.

-Во секој случај нема никаков страв дека кој било вработен, освен по природен пат, ќе биде надвор од кругот на РЕК Битола, потенцира Ќурчиевски.

Scroll to Top