Ана Брнабиќ ѝ одговори на Анистон, откако глумицата ја избра за една од најмоќните жени

пред 3 години

Откако холивудската ѕвезда Џенифер Анистон вчера објави листата на најмоќните жени во светот, меѓу кои и Ана Брнабиќ, српската премиерка кажа што мисли за тоа дека е на листата заедно со Ангела Меркел, Мишел Обама и жени за кои Анистон напиша дека го менуваат светот. Во интервју за, Брнабиќ рече дека според неа, Србија е земја што ќе го смени светот на подобро, а не само таа како жена со моќ оти е премиер.

„Сè што е добро за Србија ми е важно и мене. Тоа кажува дека нашата земја е лидер во родовата рамноправност, ние имаме 40% жени во собранието, но и скоро половината членови на Владата на Србија се жени. По ова сме на самиот врв, а жените раководат со некои од најважните институции во државата. Тоа е за пофалба за Србија. Затоа се надевам дека ние сме земја што го менува светот“, рекла премиерката.

Листата на најмоќни жени што ја објави Анистон на својот „Инстаграм“ го привлече вниманието на светската јавност. На нејзината листа се најдоа политичарки, државници и активистки од целиот свет.

„Додека светот беше вознемирен од бучавата на оние отпорни на промени, промените секако се случуваат. Да ги зајакнеме жените и да го смениме светот“, беше пораката на глумицата.

(Фото) Џенифер Анистон ја избра Ана Брнабиќ за една од најмоќните жени на светот

Scroll to Top