Анџелина Џоли: Не ми прилега улогата на мајка

пред 3 години

Анџелина Џоли карантинот го минува дома со своите шест деца, справувајќи се со нејзината работа, нивното домашно школување и нивните сопствени актерски проекти.

Обично, холивудската ѕвезда е прилично „лаконска“ околу нејзиниот семеен живот, но сега таа даде интервју за британски „Вог“, со не толку лаконски одговори за децата и, тоа е навистина ретка прилика. Украсувајќи ја насловната страница на модното списание, Анџелина говори и за стареењето и за еден „сладок миг“ кога нејзините деца изразиле загриженост за неа…

– Со нетрпение го чекам мојот 50-ти роденден – чувствувам дека ќе постигнам поголем напредок во педесеттите. Сепак, моите деца ме потсетуваат дека оваа возраст не е шега. Еден ден бевме на трамполина и ми велат: „Не, мамо, не, немој! Ќе се повредиш“. И си помислив: „Боже, нели е смешно?“ Некогаш бев акциона ѕвезда, а сега децата ми велат да се симнам од трамполина зашто ќе сум се повредела, раскажува глумицата, која инаку, е на средината од своите четириестти.

Со Бред Пит, таа е мајка на Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и 12-годишните близначки Вивиен и Нокс, па вели дека урамнотежувањето меѓу нејзината кариера и грижата за децата ја направило „никогаш подобра во тивко седење на едно место“.

– Не се замислував себеси во оваа традиционална смисла на мајчинство. Мислам дека ми недостигаат многу работи за да бидам традиционална мајка која ќе останува дома. Се снаоѓам затоа што децата се прилично трпеливи и ми помагаат, но воопшто не сум добра како мајка, вели таа.

Глумицата ги откри нивните интереси и хобија, кои главно вклучуваат учење странски јазици.

– Сите деца учат јазици. Шајло учи камбоџиски, Пакс – виетнамски, Медокс – германски и руски јазик, Захара веќе говори француски, Вивиен навистина сакаше да научи арапски јазик, а Нокс учи знаковен јазик, вели Џоли.

Следниот филм каде што таа ќе глуми, е суперхеројската акција „Вечните“ (Eternals) и трилерот „Оние кои ме посакуваат мртва“. Лани беше актуелна со фантазијата „Дојди таму“ (Come Away).

Scroll to Top