Анџелина Џоли ќе изнесе докази пред судот со кои ќе докаже дека Бред Пит, додека бил пијан, бил насилен кон неа и децата

пред 3 години

Холивудската глумица Анџелина Џоли има докази кои сака да ги покаже пред судот, дека Бред Пит бил насилен кон неа и нејзините деца, додека биле заедно. Американските медиуми пренесуваат дека таа е подготвена да ги искористи во битката за добивање на старателството над нив.

Станува збор за видео записи кои таа ги снимила пред пет години, кога Бред се борел со зависноста од алкохолот.

„Ако тие материјали дојдат до судот, јасно ќе биде на кого ќе му припаднат децата. Не е тајна дека најстариот син Мадокс и Бред не се поднесуваат, а сега сите ќе дознаат каков е тој. Ова е само почеток. На Анџелина никој нема да и застане на патот за да ја оствари целта“, открива извор, близок до неа.

Тој вели дека глумицата сака да му го уништи имиџот на Бред, кој го има како семеен човек. Неговите пријатели се плашат дека таа го снимила мртов пијан или можеби и дрогиран.

„Во завршната битка околу старателството, глумицата го повлекува својот последен валкан потег, за да биде сигурна дека Бред нема да добие рамноправно старателство. Таа е подготвена да му предаде на судот докази дека нејзиниот сопруг бил насилен кон неа и децата“, изјавил извор близок до поранешната двојка за The Blast.

Едно од децата кое наводно е подготвено да сведочи против Бред е неговата трансродна ќерка Шиљо. Но, извори блиски до Бред, откриваат дека ќе и биде тешко да сведочи, затоа што таа го обожава татко и сака да живее со него.

„Бред е убден дека Шиљо нема да сведочи против него. Тој е среќен што таа сака да биде со него, а не да живее со Анџелина Џоли“, открива извор близок до Бред Пит.

Освен Шиљо, како сведоци за Џоли се споменуваат и имињата на близнаците Вивиен и Кнокс, но, тие ќе се појават само ако Бред се согласи на тоа, затоа што се малолетни. Изворот открива дека Бред нема проблем тие да се појават како сведоци, затоа што е сигурен во својата победа, открива изворот за магазинот Woman’s day.

Бред исто така е сигурен во победата, затоа што знае дека Анџелина поелка ги троши и и снемува пари за скапите адвокати. Тој се чувствува прилично сигурен дека во блиска иднина ќе биде заедно со ќерка му Шиљо, со која отскогаш беше силно поврзан. Таа и самата изразила желба да живее со него, открива изворот.

За потсетување, полицијата во Лос Анџелес го испрашувала Бред Пит, по инцидентот кој се случил во 2015 година, кога тој бил пијан и влегол во конфликт со неговиот најстар син, посвоениот Мадокс. Тогаш полицијата немаше доволно докази за да подигне обвинение против него.

 

 

 

Scroll to Top