Атиџе се онесвести на отворањето на „Денови на македонскиот мед“

пред 4 години

Главната протагноистка на документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова, денеска доживеа незгода на отворањето на „Денови на македонскиот мед“. Таа во еден момент ја изгубила свеста, по што веднаш била повикана итна помош. Незгодата се случила попладнето во Скопје, на улица „Македонија“, за време на говорот на министерот за земјоделство Аријанит Хоџа и на градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ. Муратова донесе мед од диви пчели на изложбата на пчелни производи од цела земја.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top