Бугарката Бакалова номинирана за „Златен глобус“ за улогата во „Борат 2“

пред 3 години

Бугарката Марија Бакалова емеѓу номинираните за најдобра актерка во категоријата филмска комедија или мјузикл на доделувањето на наградите „Златен глобус“. Бакалова е номинирана за нејзината улога во ликот на Тутар – ќерка на главниот лик во филмот „Борат 2“. Филмот беше номиниран и за најдобра комедија на годината, а Саша Барон Коен е номиниран за најдобар актер.

Младата актерка е првата Бугарка номинирана за престижната награда, а покрај неа номинирани во оваа категоријата се и актерките Мишел Фајфер, Ања Тејлор-Џој, Кејт Хадсон и Розамунд Пајк.

Годинашната 78. церемонија на доделувањето на наградите „Златен глобус“ ќе се одржи на 28 февруари.

Марија Бакалова (25) досега глумела во неколку филмови пред нејзиното големо деби во „Борат 2“. Меѓу нив се бугарските „Престап“, „XIIа“ и „Таткото“. Играла и една од главните улоги во „Како за последен пат“ и во неколку епизоди од веб-серијата „Типично“.

 

Scroll to Top