(Видео) „Баба ми е родена во Бугарија, жалам ако некого повредив“: Васил Гарванлиев се извини по реакциите дека има бугарско државјанство

пред 3 години

Васил Гарванлиев преку видео порака јавно се извини за сите недоразбирања што настанаа изминатите денови, откако во неговиот евровизиски спот наводно се појави бугарско знаме, а потоа се споделуваше и видео снимено лани во кое пејачот вели дека освен македонското има и бугарско државјанство. Васил во пораката што ја објави на „Инстаграм“ кажа дека баба му е родена во Бугарија и дека тој повеќе од 20 години има бугарско државјанство, а вели и дека му е жал ако со своите изјави и ненамерни грешки некого повредил.

„Во 1997 година со семејството се преселивме во Чикаго и неколку години живеевме во Америка. Кога не депортираа, јас бев малолетен, а мојата фамилијата одлучи да направи неколку чекори за безбедност и за иднина на сите нас. Мојата баба, мајка на татко ми, е родена во село Игралишта, надвор од Петрич, што ни овозможи да добиеме бугарски пасоши, кој го имам веќе дваесетина години. Законски во нашата држава двојно државјанство е дозволено“, вели Васил меѓу другото.

Тој кажува дека долги години живеел во Америк,а Англија, Италија, дека пеел на сите светски оперски и концертни сцени и дека себеси се гледа како граѓанин на светот.

„Сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на Европа и светот за неверојатниот одговор, реакциите, пораките, љубовта и поддршката. За жал изминатиот викенд работите тргнаа во поинаков правец во мојата убава Македонија и моравме повторно да го отстраниме и поставиме видеото, поради погрешно толкување на триптично уметничко дело на ѕидот. Јас сум музички амбасадор, а во музиката нема религија, политика, ориентација, раса или боја. Немав апсолутно никаква намера да повредам некого. Сосема спротивното. Овој поект не само што ме отелотворува мене туку и мојата земја и култура. Не се извинувам што сум јас. Никогаш нема – немав избор во тоа. Сепак, ако некого повредив на кој било начин, од дното на моето срце, жел ми е, простете ми“, вели во пораката Гарванлиев.

За потсетување, Васил лани беше избран за македонски претставник на Евросонг, но бидејќи натпреварот не се одржа, МРТ и оваа година го потврди неговото учество. Тој ја сними песната Here I Ѕtand, која ја напиша самиот. Откако уметничкото дело поставено во галеријата Даут пашин амам беше протолкувано како бугарско знаме, од спотот беа отстранети неколку кадри. Но, брзо потоа во јавноста почна да се споделува старо видео во кое Васил зборува за неговото двојно државјанство и дека по баба потекнува од Бугарија. По ова, јавноста реагираше дека тој не треба да ја претставува Македонија на Евросонг, а имаше и коментари дека МРТ треба да го откаже неговото учество.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

Scroll to Top