(Видео) Васил имаше прва проба во Ротердам: Вистинска магија, велат фановите на Евросонг

пред 3 години

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев, денеска ја одржа првата проба на Евровизија во Ротердам и откри дел од сценскиот настап и што ќе го има на 18 мај. По пробата, на официјалниот јутјуб канал на Евросонг излезе кратко видео од подготовките на Васил додека ја пее Here I Stand, кое доби позитивни коментари.

Првата проба на Васил им се допадна на фановите, па многумина напишаа дека тој има една од најмоќните изведби оваа година и еден од најсилните гласови на овој „Евросонг“. „Вистинска магија на сцената“, стои во коментарите.

За потсетување, Васил самиот ја напиша Here I Ѕtand, а во аранжманот и оркестрацијата му помогнаа Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Годинашниот Евросонг ќе се одржи од 18 до 22 мај. Васил ќе настапи шести во првото полуфинале.

Директните преноси од сите три евровизиски вечери ќе има на Првиот и Вториот канал на Македонската телевизија и Првата програма на Македонското радио, со почеток во 21 часот.

Scroll to Top