(Видео) Во Нови Сад тага за Балашевиќ, свеќи и цвеќиња на плоштадот за омилениот пејач и кантавтор

пред 3 години

Веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ го погоди целиот регион. Многумина тагуваат поради смртта на прочуениот контавтор и се потсетуваат на неговите најголеми хитови, најдобри цитати и сите интресни приказни кои го следеа неговиот живот и големата кариера.

Во Нови САД пред неговата куќа и на Плоштадот на слободата, се собраа голем број луѓе. Сите кои ја почитуваат неговата музика, пријателите и комшиите дојдоа да се простат од него. Фанови има од сите возрасти. Се палат свеќи во негова чест и положуваат букети. Медиумите пишуваат дека на плоштадот има околу 600 луѓе, кои му оддаваат почит на Балашевиќ.


Scroll to Top