(Видео) „Одиме на Европско“: Промовиран спотот за фудбалската химна

пред 3 години

Фудбалската федерација на Македонија го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско“, која ја пее групата ВИС Рисови. Текстот и музиката за песната се на Саше Љолес и Петар Младеновски, а видеото го режираше Огнен Шапковски.

„Одиме на Европско првенство, сонот наш од детство“, пеат во химната.

„Голема благодарност до сите луѓе што се одзваа на повикот на ‘Мелем’ продукција и придонесоа за изработка на овој видео запис, вклучително и сите статисти од сите градови. Голема благодарност до Катарина Ивановска и Игор Стефановски – Иџе“, стои во видеото.

Scroll to Top