(Видео) Прв јавен бакнеж: Цеца со дечкото снимeни во ресторан во Белград

пред 3 години

Откако српските медиуми објавија дека Цеца Ражнатовиќ (46) е во врска со белградскиот угостител Богдан Срејовиќ (38), во јавноста се појави прво видео на кое тие се бакнуваат и се држат за раце. Видеото го сними екипата на „Папарацо лов“, кои често ја следи Цеца, но велат дека не очекувале таа да се сретне со нејзиниот нов дечко. Она што го привлече вниманието, освен бакнежот, е дека додека влегуваа во ресторанот, Богдан не ѝ ја придржа вратата на фолк-ѕвездата.

Врската на Цеца и Богдан деновиве е топ-тема во медиумите. Тие се запознале на роденден кај пријател на Цеца, а по неколку недели дружење, почнале љубовна врска. Најпрво ја криеја врската, но по Нова Година почнаа да се појавуваат и на јавни места.

„Тие се сретнаа на забава во ресторан, а сега се појавуваат заедно и во јавноста, за што сведочат и овие папарацо-фотографии направени во еден белградски ресторан. Пред тоа парот беше на Јахорина, каде што уживаа во зимската магија со друштвото“, открил извор близок до парот за порталот „Нова.рс“.

Богдан е угостител и син на познат српски спортист. Тој ја има ќерката Искра од првиот брак, а неговата бивша жена Зорана, сега е во врска со пејачот Саша Ковачевиќ.

(Фото) Цеца љуби 8 години помлад угостител

Scroll to Top