(Видео) Српскиот претседател Александар Вучиќ се вакцинираше против коронавирус со кинеската вакцина на Синофарм

пред 3 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ се вакцинираше против ковид-19. Тој ја прими вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ во здравствениот дом во селото Рудна Глава, во близина на Мајданпек.

„Сѐ помина во најдобар ред, ништо не почувствував“, изјави Вучиќ, додавајќи дека е среќен што гледа редици со луѓе кои чекаат да се вакцинираат.

„Мислев за три недели да одам на југ за ревакцинацијата и да го направам тоа во Мерошин или Бабушница“, додаде тој, а потоа појасни и зошто дури сега се вакцинира против ковид-19.

„Реков во почетокот дека ќе почекам да се вакцинираат еден милион луѓе. Премиерката се вакцинираше меѓу првите, а јас сакав кога и народот, некаде во средина, како обичен граѓанин на Србија“, рече Вучиќ.

Scroll to Top