(Галерија) Тејлор Свифт е првата жена што три пати освои Греми за најдобар албум

пред 3 години

На синоќешното доделување на Греми наградите, по светската ѕвезда, Бијонсе и познатата пејачка, Тејлор Свифт се запиша во историјата на Греми. Тејлор стана првата жена уметник, што го освоила албумот на годината три пати.

Ѕвездата беше наградена за албумот „Фолклор“, создаден во периодот на изолацијата лани. Претходно Свифт освои награди за албум во 2010 година за „Firles“ (Бестрашен) и 2016 за и „1989“.

Наградата ја прими со своите музички соработници, Арон Деснер и Џек Антоноф од „Национал“.

„Сакам да им се заблагодарам на сите мои соработници кои се на сцената“, рече Свифт во обраќањето и додаде “Но, претежно, ние само сакаме да им се заблагодариме на навивачите. Вие дечки не запознавте во овој имагинарен свет што го создадовме, и не можеме да ви кажеме колку сме почестени од тоа. Ви благодарам многу и благодарам и на Академијата. Никогаш нема да заборавиме ова“.

Тејлор им се заблагодари на обожавателите преку твит, пишувајќи: „Фановите се причината поради која лебдиме вечерва и никогаш нема да го заборавиме“.

На Греми таа имаше и настап во кој ги отпеа нејзините песни „Кардиган“, „Август“ и „Врба“.

На церемонијата Тејлор носеше фустан на модниот дизајнер Оскар де ла Рента, кој самиот фустанот го нарече „цветниот фолклор“ како и името на албумот на пејачката. Во комбинација со фустанот таа носеше и со слична шара на маска, придржувајќи се на мерките против коронавирус.

Греми награди – главни добитници

* Албум на годината: „Фолклор“ на Тејлор Свифт

* Поп-албум на годината: Дуа Липа

* Снимка на годината: Били Ајлиш – Everything I Wanted

* Песна на годината: H.E.R. – I Can’t Breathe

* Најдобар дебитант: Megan Thee Stallion

 

Scroll to Top