Душко е опседнат со мене од 16 години: Карлеуша за бракот со фудбалерот кој ја лепел по ѕидови

пред 3 години

 

За бракот на српската пејачка Јелена Карлеуша многу се пишуваше и зборуваше, особено по скандалот кој пред околу две години излезе во јавноста, па се шпекулираше дека се пред развод. Сепак Карлеуша неодамна откри дека нејзиниот сопруг Душко Тошиќ бил опседнат и заљубен во неа уште во младоста.
„На 16 години Тошиќ премина во ОФК Белград. Потоа дознав од неговите другари од клубот дека во собата во која живеел фудбалерот сите ѕидови биле со моите слики. На крај тоа и се оствари, тој се ожени со жената од постерите, емотивна приказна“, раскажа во една  прилика пејачката.

Карлеуша од Душко е постара 7 години. Порано и двајцата сакале постари партнери, со оглед на тоа дека Карлеуша зад себе има еден пропаднат брак.
Бојан Кариќ е син на Сретен Кариќ, а воедно и екс сопруг на српската пејачка Јелена Карлеуша. Тој со години не се појавува во медиумите.

Бојан е присутен во медиумите најмногу поради неговиот брак со пејачката Јелен Карлеуша, кој траеше само три месеци, а заврши во 2004 година. Имаше различни гласини, но најмногу се зборуваше дека Јелена го изневерила со нивниот телохранител.
Бојан Кариќ е член на едно од најбогатите семејства во Србија во 2007 година се ожени со Маша Николиќ, со која ги доби близнаците Тара и Теодор.

Scroll to Top