Елен Деџенерис позитивна на коронавирус

пред 3 години

Американската комичарка, глумица и водителка Елен Деџенерис објави дека добила потврда оти е заразена со коронавирус.

„Сакам да ве известам сите вас дека сум позитивна на тест за Ковид-19. За среќа, во овој миг се чувствувам добро”, објави таа на Твитер.

Водителката на забавната емисија рече дека сите луѓе со кои била во близок контакт се информирани дека е заразена.

Scroll to Top