Иги Азалеа раскина со свршеникот, сама ќе се грижи на нивното дете

пред 3 години

Пејачката Иги Азалеа раскина со свршеникот Плејбој Карти. Таа веста ја сподели на инстаграм-стори и напиша дека сега ќе се грижи сама за нивниот седуммесечен син Оникс.

„Тешко е кога ќе го загубиш вистинскиот. Но, луѓето ја сфаќаат лојалноста здраво за готово и затоа повеќе сакам да бидам сама отколку во врска“, напиша таа.

30-годишната музичарка и 24-годишниот рапер беа во врска околу две години, а тој ја побара за жена откако дозна дека ќе имаат бебе.

 

Scroll to Top