„Калиопи бараше да добијам отказ“: Водителката Весна Дедиќ разочарана од пејачката

пред 3 години

Српската водителка Весна Дедиќ, која е автор на популарната емисија „Балканска улица“, во интервју рече дека никогаш нема да ја покани Калиопи да ѝ биде гостинка во емисија. Таа тврди дека пејачката пред неколку години требала да дојде на снимање на емисијата, но наместо тоа, Калиопи доцнела, се однесувала како дива, била непрофесионална и на крајот ѝ се заканила на Весна дека ќе добие отказ.

„Никогаш веќе нема да ѝ се јавам. Ми се јавија од Македонска телевизија или нејзиниот менаџер беше, не се сеќавам точно, да ми кажат дека би сакале таа да ми биде гостинка. Реков да, прекрасна жена, навистина ја ценам, ги сакам нејзините песни. Интервјуто беше закажано во 14 часот и јас подготвена ја чекам со тимот. Таа доцнеше, дојде два и пол часот, но продуцентите ми рекоа дека се слушнале со неа и дека доаѓа, само што ја поминала патарината пред Белград. Јас реков супер, ќе почекаме, нека дојде сега“, раскажала Весна за „Свет“.

Таа вели дека Калиопи ѝ одговорила дека нема веднаш да дојде, туку најпрвин сака да оди во хотелот, да се нашминка, да се облече, а дека луѓето во телевизијата биле должни да ја чекаат.

„Тогаш ѝ се јавив јас и ѝ реков: Калиопи, тука се собрани сите, камермани, сниматели, тон-мајстори, светломајстори кои се со работно време и кои работат за плата. Ова интервју ви значи многу во вашата кариера. И да дадете интервју на РТС во ‘Балканска улица’ треба да ви биде чест. Не дозволувам никој да го малтретира мојот тим поради шминка. Вие сте доволно големо име за да можете да се појавите пред камера со малку маскара и пудра“, вели водителката и додава: „Таа рече дека не доаѓа предвид и дека ќе му се јави на тогашниот директор на РТС да му каже да ме отпушти ако не сакам да ја чекам. Јас ѝ реков, слободно јави се. Таа не се појави на снимањето, јас не сакав да чекам неколку часа. Никогаш нема тоа да ѝ го заборавам,“ раскажала Дедиќ за случката со Калиопи.

Scroll to Top