Кели Роланд е бремена: „Не е доцна да станеш мајка и на 40 години“

пред 3 години

Поранешната членка на „Дестинис чајлд“, пејачката Кели Роланд, наскоро ќе стане мајка. Таа бременоста ја објави преку насловната страница на списанието Women’s Health, а имаше и интервју во кое зборува за мајчинството, бракот, здравите навики – режимот на исхрана и вежбање.

„Сакам да ги потсетам луѓето дека животот вреди и во време на корона-пандемијата. Јас останав бремена. Во февруари ќе наполнам 40 години и верувајте, не е доцна на 40 да станете мајка. Но, многу ми е битно да се грижам за себе, за своето здравје и за здравјето на моите деца“, вели таа во интервјуто.

Ова ќе биде второ дете на Кели, која со сопругот Тим Ведерспун го има шестгодишниот син Титан.

Scroll to Top