Ким Кардашијан поднесе барање за развод од Кание Вест

пред 3 години

Амерканската ѕвезда Ким Кардашијан поднела документи за развод од нејзиниот сопруг, раперот Кание Вест, пишуваат американските медиуми. Двајцата веќе некое време не живеат заедно, а како што изјавил извор близок до раперот, Кание сè уште се надева дека може да го спаси бракот.

Двајцата беа во брак се седум години и имаат четири деца .Според таблоидот „ТМЗ“, Ким побарала заедничко правно и физичко старателство над нив.

За потсетување, несогласувањата во бракот почнаа во пролетта, кога раперот реши да се кандидира за претседател на Соединетите американски држави. Потоа изнесе интимни детали од нивниот брак, нешто за што Ким многу му се налути.

Scroll to Top