Криси Тајген итно пренесена во болница во петтиот месец од бременоста

пред 4 години

Манекенката Криси Тајген е пренесена во болница во петтиот месец од бременоста поради обилно крварење од плацентата, пишува „Ентертејнмент тунајт“. Ова е трета бременост за 34-годишната сопруга на Џон Леџенд. Таа вчера се вклучи во живо на инстаграм од нејзината болничка соба и зборуваше за компликациите со кои се соочувала во последните месеци. Потоа им откри на своите фанови дека поминала цел ден и ноќ во болница, откако само лежела во кревет со недели. „Чудно е затоа што се чувствувам добро. Обично сум многу среќна бремена жена, секогаш добро расположена. Посреќна сум отколку кога не бев бремена. Затоа ми е тешко да прифатам дека тоа се случува“, вели таа во видеото. „Бебето е здраво и големо. Многу се движи. Едвај чекам да го запознам малото момче. Тој е најсилното мало момче во куќата што се распаѓа“, додаде таа, алудирајќи на сопствената матка. „Сепак, тој немаше добра основа од самиот почеток. Тој не ја доби вистинската можност. Едноставно е тешко затоа што не можете да направите многу. Би било опасно да пробате нешто. Во суштина, ако успеам да преживеам следните неколку недели, и ако момчето успее да преживее во следните неколку недели, тогаш ќе знаете дека најлошото помина“, рече таа. Таа исто така ги замоли обожавателите да престанат да ѝ даваат медицински совети и да поставуваат дијагнози. „Се чувствувам навистина вознемирено и нервозно, како да сум направила нешто лошо“, откри Тајген во видеото. Нејзиниот сопруг Џон Леџенд цело време е со неа во болницата, па Криси и него го сними во видеото што го објави. Двојката веќе ги има четиригодишната ќерка Луна и двегодишниот син Мајлс.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top