„Мајка ми имаше рак, а јас бев со хронична болест“, Џесика Алба проговори зошто се повлече од глумата

пред 3 години

Џесика Алба проговори за својата одлука да повлече од глумата откако 2008 година го роди своето прво дете. Таа во ново интервју за „Ромпер“ појаснува дека не избегала од Холивуд, туку сега има здраво и среќно семејство и поинакви приоритети во животот.

– Мајка ми имаше рак на многу рана возраст, во нејзините 20-ти години. Јас пораснав со хронична болест. Имав пет операции пред 11-та година. Го имав овој вистински миг, па сега сакав да живеам и да напредувам и да минувам што е можно повеќе време со оваа мала личност што ја воведувам во светот и да останам со неа. Значи, нашето здравје е важно. Сакам оваа мала личност да биде здрава. И навистина е „излудувачко тешко“ да си среќен кога го немаш своето здравје, вели таа.

Алба сега е мајка на три деца, па има и поинаков поглед и на животот и на нејзината кариера уште откако го родила првото.

– Мојата мотивација веќе не беше дали некогаш ќе се вработам повторно. Искрено, тогаш бев на врвот на мојата кариера. Не можев да се вратам на она што го правев претходно и пак да бидам автентична. Едноставно, не можев. Не ми беше грижа за тоа на ист начин како претходно, додава актерката.

Загриженоста за здравјето и благосостојбата на нејзините деца доведе дури до раѓање на „Искрено друштво“ (Honest Company) – брендот на производи за широка потрошувачка на Алба, кој обезбедува еколошки производи за бебиња и производи за чистење без хемикалии. Се почна со пелена што таа ја пушти во продажба 2012 година. Сега, брендот има разни други понуди.

Следниот филм каде што Алба ќе глуми е трилерот „Истрел за предупредување“ (Trigger Warning) којшто е во претпродукција.

Scroll to Top