Меган со писмо се прости од принцот Филип

пред 3 години

Меган Маркл не присуствуваше на погребот на принцот Филип, но, му оддаде почит оставајќи му рачно напишано писмо, на венецот во капелата на Свети Џорџ. Војвотката од Сасекс, која е во шестиот месец од бременоста, била советувана од лекарите да не лета на погребот.

Летот до Британија трае десетина часа и тоа може да предизвика проблеми. Меган церемонијата ја гледала на телевизија во Калифорнија. На погребот на својот дедо, замина нејзиниот сопруг, Хари. Венецеот од двајцата беше претходно оставен во капелата, покажувајќи ја нивната почит.

Меган и Хари лично ги одбрале цвеќињата за венецот, кои се од локално потекло, вклучувајќи го и Acanthus mollis, националниот цвет на Грција, како и цвеќето Eringium, кое ја претставува Кралската морнарица.

 

(Видео) Принцот Филип го донесоа со модифициран „Ленд Ровер“, цела нација една минута во молк

Scroll to Top