„Моите ми договорија брак со популарна пејачка, ама јас се заљубив во Сенка“: Љубовната приказна на Зафир Хаџиманов

пред 3 години

Нема некој што не знаеше за љубовта на музичарот Зафир Хаџиманов и актерката и пејачка Сенка Велетанлиќ. Откога се вљубија, живееја во Белград, каде што се роди нивниот син Васил. И покрај тоа што животот го помина во Србија, Зафир Хаџиманов беше амбасадор на македонската култура во регионот. Музичарот кој почина од корона на 77 години ќе остане запаметен како еден од најважните уметници на поранешна Југославија. А заедно со сопругата Сенка, важеа за еден од најубавите и најдолговечни парови на овие простори.

Зафир и Сенка се вљубиле во Грузија, во Тбилиси, на едно заедничко патување.

„Првпат се бакнавме на ридот ‘Слобода’ над градот. Таа беше убава и пееше како сон. Сенка штотуку се разведе од пејачот Тихомир Петровиќ. Јас и Тиха, пак, останавме пријатели до крајот на неговиот живот. Честопати седевме во Камерната сала на Радио Белград, пиевме и зборувавме за сè. Се согласувавме во многу социјални дискусии. Моите, мора да признаам, беа малку изненадени од мојот избор. Мислеа дека сум омилен на женскиот пол и дека ќе завршам со некоја помлада, да бидам ‘џек’. Тие веќе ми договорија брак со многу пејачка која стана многу популарна потоа. Но, кога ќе одлучам нешто, одлучувам“, рекол Зафир во едно дамнешно интервју.

Тој раскажал и дека пред да се заљуби во популарната пејачка и актерка, бил во врска и со неколку други жени.

„Јас бев развиен, кревав тегови и кога ќе скокнев ‘ласта’ на море, најмалку пет девојки полудуваа по Џефри, како што ме нарекуваа. Се забавував со една убава богаташка од Словенија, а потоа и со една Италијанка чиј татко беше директор на најголемата италијанска банка и ми нудеше да живеам во неговата огромна вила во Торино. Живеев како гроф. Но, чувствував голема љубов само кон сопругата“, рекол тој.

„Бев во војска кога Сенка се породи во Панчево. Немав ни дозвола за излез. Но, влегов во автомобилот и пристигнав во Панчево без дозвола. Јас прв го видов Васил. Тој ме погледна, се тетеравеше и заспа. А јас среќен како глутница кучиња! Сенка и тогаш беше убава, иако се породи со царски рез. Насмеана, среќна. Мислам дека тогаш ја видов толку среќна, а вториот пат беше така среќна кога виде слика на нашата внука Марта на ултразвук“, раскажал Зафир.

Од корона почина легендарниот музичар Зафир Хаџиманов

Scroll to Top