Најубавите песни на панонскиот морнар Балашевиќ

пред 3 години

Вчера легендарниот пејач Ѓорѓе Балашевиќ за жал ја изгуби битката со коронавирусот, но неговите песни останаа и ќе бидат засекогаш со нас. Со нив пораснаа многу генерации, а не се ни сомневаме дека некои нови клинци ќе знаат за нив.

Кантавтор, пејач, музичар… големиот Балашевиќ нè напушти во 68. година од животот, откако пред три дена беше примен на Инфективната клиника во Нови Сад, откако десетина дена се лечеше во домашни услови од воспаление на белите дробовите, поради влошување на здравствената состојба. Според новите информации, имал обострано воспаление кое го предизвикало коронавирусот.

Тој е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад, и беше член на групата „Жетва“ и „Ран мраз“, пред да започне соло кариера во 1982. Неговата најголема љубов беше сопругата Оливера, на која ѝ посвети бројни песни. Ѓорѓе зад себе го остави синот Алекса, ќерките Јована и Јелена, како и две внуки.

Но панонскиот морнар зад себе остави и бројни прекрасни песни со кои низа генерации пораснаа. Токму затоа тој ќе живее онолку колку и неговите песни. Почина еден романтичар, пејач, но пред сè човек кого никогаш нема да го заборавиме. Во негова чест, ве потсетуваме на неговите најубави песни.

„Не ломите ми багрење“

„Прича о Васи Ладачком“

„Лепа Протина кчи“

„Панонски морнар“

„Провинцијалка“

„Свирајте ми, јесен стиже дуњо моја“

„Рингишпил“

„Не волим јануар“

„Словенска“

„Неки нови клинци“

Scroll to Top