Од корона почина музичарот Сања Илиќ, основач на групата Балканика

пред 3 години

Музичарот Александар Сања Илиќ, основач на групата „Балканика“, почина денеска како резултат на коронавирусот.

Сања Илиќ почина на 70-годишна возраст.

Роден е во 1951 година во Белград. Негов татко е композиторот Миодраг Илиќ Бели, а брат му е композиторот Драган Илиќ, кој свирел во Генерација 5. Тој беше оженет со актерката Злата Петковиќ.

Кога имал 12 или 13 години, тој напишал музика според текст на Душко Радовиќ во изведба на Драган Лаковиќ. Кога имал 16 години, тој ја испратил својата композиција „Поет на мирот“, испеана од Лола Новаковиќ, со која Југославија требаше да биде претставена на Евровизија 1968. Во 1976 година, неговата композиција „Бај, бај, бај, бај“ беше изведена од Бисера Велетанлиќ, на истиот натпревар, но овој пат во Опатија. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград во 1975 година.

Scroll to Top