Почина Тони Баталков, танчер и поранешен директор на Балетот

пред 3 години

Антон Баталаков – Тони, истакнат танчар, педагог, повеќегодишен репетитор и директор на Балетот, почина на 76 години, соопшти Националната опера и балет (НОБ).

Баталаков во Македонскиот народен театар (МНТ) бил од 1964 до 1992 година, каде што работел како солист и долгогодишен репетитор. Тој бил и директор на Балетот од 1979 до 1989, педагог во училиштето и предавал класичен балет и дуетен танц.

Средното балетско образование Баталаков го завршил во Скопје во класата на Александар Доброхотов. Уште како ученик настапувал во некои претстави на Балетот на МНТ. Од 1964 е во редовите на ансамблот, каде што танцува во сите претстави. Постепено станал солист, а прва главна улога му е Кнезот во балетот „Тамара“ (1965).

Во класичен стил ги изведе: Пријатели на Франц во „Копелија“ (1963), „Балада за Скопје“ (1967), Парис и Ромео во „Ромео и Јулија“ (1969), Алберт во „Жизел“ (1973 и 1987), Валс на пролетта во „Штраусијада“ (1976).

 

Scroll to Top