Саша Ковачевиќ за односот помеѓу девојка му Зорана и дечкото на Цеца

пред 3 години

За врската на Цеца и Богдан веќе подолго време се пишува по медиумите. Особено што фолк пејачката јавно се појави со дечко, прилично помлад од неа. Српските медиуми на големо ја раскажаа приказната за бизнисменот Богдан, кој и е дечко на Цеца, ама предхподно и бил маж на Зорана, сегашната женска на Саша Ковачевиќ. И така приказнва нема крај…кој со кого.

На прашањето  што мисли за новата љубовна двојка и во какви односи се бившите сопружници Богадн и Зорана, српскиот пејач Саша Ковачевиќ вели :

„Богдан и Зорана отсекогаш се во добри односи. Не сакам многу да коментирам бидејќи не сакам да навлегувам во туѓ живот. Но искрено, многу ми е драго ако тој и Цеца се заљубени, затоа што тоа е најубавата работа која може да им се случи покрај децата“, рекол Ковачевиќ.

Пејачот повеќ од две години е во љубовна врска со Зорана, поранешна мис и манекенка во Србија. Предходно таа беше во брак со Богдан со кого имаат ќерка, и која неодамна беше на зимување на Копаоник со татко и и со Цеца.

Scroll to Top